30.1.23

ДОСТАПНОСТ НА СОДРЖИНИ

Почитувани студенти,

Заради тековни функционални и организациски измени,  содржините од работните ресурси ќе бидат достапни само за авторизиран пристап  побаран со Ваша укло адреса, и број на индекс.

Овој централен информативен дел и делот со резултати ќе бидат достапни и без најава.

Поздрав.

 

8.2.22

! ! ! ПОТСЕТУВАЊЕ ! ! !

 

Почитувани студенти,


Иако комуникацијата ни е преку класрум, еве соопштение и овде !


Испитот СТРУКТУРИРАНО ПРОГРАМИРАЊЕ се полага на 09.02.2022, со почеток од 11,оо часот, со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО.
Ќе се полага во 2 простории - свечана сала ( каде полагавте кај проф.Андријана Боцевска ). и амфитетар ( право лево на крајот на ходникот )


НЕПАРНИТЕ ИНДЕКСИ полагаат од 11,оо.
ПАРНИТЕ ИНДЕКСИ полагаат од   11.3о.


 Ве замолувам за присуство 5 минути пред почетокот на терминот.

Поздрав и успешно полагање утре,

25.1.22

Потсетување !

Почитувани студенти, 


 По обраќање на студент од поранешна "предКовид19" генерација, решив уште еднаш да Ве информирам и-или потсетам, и Ве молам имајте ги напомените во предвид :

 1. Почнивајќи од март,2020, како универзитет работиме со Google алатки, со покани во класрум за секој предмет, за каде е неопхпдно да имате активирана УКЛО адреса, каква му следува на секој запишан студент. Оние кои сеуште немате, ПОБАРАЈТЕ ОД МИЛЧО ПРИСАЃАНЕЦ (milco.prisagjanec@uklo.edu.mk ) ДА ВИ ОТОВРИ А ВИЕ АКТИВИРАЈТЕ ЈА И ОБРАЌАЈТЕ СЕ ЗА СИТЕ ПОТРЕБИ ОД НЕА. 
 2. Сите објави, договори, активности се во класрум, и потребно е таму да ги следите 
 3. На самиот ден на испитот СЕ ПОЛАГА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО. 

 Поздрав и успешно полагање утре,

24.12.21

НАПОМЕНА - адреси @uklo.edu.mk

 Почитувани студенти,

За пристап до содржините и увид во активностите организирани по предметот Структурирано програмирање, неопхпдно беше во текот на семестарот да ги усогласите Вашите маил адреси, да се од облик @uklo.edu.mk, како допуштени и сигурни за комуникација во класрум

Доколу некој не ја заменил адресата според сите неколку пати дадени појаснувања, и повеќе не е во класрум, НЕОПХОДНО Е:

1.  Да се обрати кај Милчо Присаѓанец  milco.prisagjanec@uklo.edu.mk , 
 2. Да добие и АКТИВИРА  укло адреса, а после тоа 
 3. со ТАА  АКТИВИРАНА УКЛО АДРЕСА  да  се обрати до мене,  ramona.markoska@uklo.edu.mk доколку е потребен внес наново во класрум

14.9.21

Испити во септемвриска сесија, 2021

 Почитувани студенти,


Пред почетокот на испитите, ова е дополнително потсетување, на веќе испратените информации до Вас, во текот на август !

Во септемвриска сесија, испитите по Структурирано програмирање, Напредно програмирање и Структурно-бивш ФАМИС ќе се одвиваат со физичко присуство, во терминот објавен на факултетската страна.

Начинот на конципирање на испитот, на Ваше инсистирање, останува во ист формат.  ( Да потсетам, дека поголем број на студенети, го положија преку практични активности и по потреба само дополнување од тест, Вие можност за дополнителни практични активности вон семестар, немате).

Носете индекси за поверка на идентитет. 


* * * 

За предметите во чиј склоп задолжително е изработка на проект, Ме-БП, СББА и предметите од втор циклус, кои содржат и одбрана на проектите, задолжително, ПРЕД испитот потребно е доставување на проектите, заради прелимимарна анализа и евалуација,


Ви посакувам успешно полагање, 

Template Design | R@Mona