Материјал за колоквиуми Вовед во програмирање 1 и Објектно ориентирано програмирање
Материјалот од вежби до прв колоквиум по предметите, Вовед во програмирање 1 и Објектно ориентирано програмирање поставен е на соодветните групи.
За двата предмети, имате по 5 целини задачи, соодветно нумерирани 1-5. Напатствијата важат за двата предемти, а за секој предмет, следствено, пристап до материјалите имате во соодветната група. Материјалите може да ги користите на следните начини по избор:
1. Во делот кај Страници, да ги отворите страниците од соодветните целини. Иако сите задачи за 2та предмети се компајлирани и проверени во околина, освен за првите 2 целини задачи, на страниците не се поставувани екраните. од компајлирање, и извршување. Страниците се најзгодни за работа ако сакате во околина ( Dev C++ или Eclipse) да ги изработите како нови проекти, според дадените напатствија. (селектирате соодветен код и го пејстувате во околина кај новоотворениот проект).После тоа ги компајлирате и извршувате.
2. Во делот кај Фајлови, да ги симнете соодветните целини кои се во .zip состојба. Можете следствено на напатствијата и покажаните постапки да ги распакувате во дисковите во фолдери онака како се средени, и потоа да ги отворате како постоечки проекти т.е. да ги импортирате. После тоа, ги компајлирате и извршувате.
3. Во делот кај Фајлови, да ги симнете .pdf фајловите насловени според содржината.( Во групата Вовед во програмирање1, имате повеќе групирани целини, во еден фајл). Единствено овие фајлови во себе ги имаат и екраните од компајлирање/извршување, кои по отварањето може да ги гледате заедно со задачите.
Иако пропратно со задачите имате појаснувања, замолени сте да си ги симнете и предавањата од соодветните yahoo групи, и да погледнете доколку имате потреба од поширока теориска база при решавањето.