Критериуми за изведување на оценка- потсетување
Колеги Студенти,
Ви го постирам наново, посебно за новите годинашни колеги, правилникот кој важи на ниво на Универзитет, за сите предмети, и според кој Ви се сведувани оценки.
Поради одреден број на Ваши прашања со лајт мотив - Полагање и преполагање на испит и колоквиум по Вовед во програмирање 1, од колеги од групата Битола, Ви одговарам генерално.
* * *
Правилата се идентични и (ќе) важат и за другите предмети, значи и за ООП и за ВоП2, па сочувајте ги. Овие правила се нови и стартуваат од оваа година. Овие правила покрај за новите студенти, важат и за студентите кои го презапишале предметот.
Според новите правила, применети на ВоП1 во случајов, оцената ја сочинуваат:
- Поени од редовност ( мах. 10 збирно од вежби и предавања, според евиденција од посетеноста).
- Поени од Семинарска работа ( мах. 5 за превод или мах. 10 за задача).
- Збирни поени од двата колоквиуми, минимум 41, просек од двата колоквиуми.
* * *
-Првиот колоквиум е елиминаторен. Оние кои не освоија минимум 41 поен, од 80, немаат право да полагаат II колоквиум.
- Оние кои го положија I колоквиум, а имаат помалку од 41 поен на II колоквиум, или биле спречени да дојдат на II колоквиум oд било кои причини, имаат можност и право да дојдат на испит и да нагласат дека ќе полагаат само материјал од II колоквиум.
- Оние кои ги положиле двата колоквиуми, а сакаат повеќе поени од овој дел имаат право да го преполагаат само II колоквиум, или ако сакаат да преполагаат цел испит. Следствено на изборот резултатот ќе им биде соосдветно собиран.
- Притоа, за сите колеги-студенти, генерално, еднаш освоените поени по било кој основ ( I колоквиум, Семинарска, или Редовност ) важат сите сесии до евентуално презапишување на предметот. ( почеток на наредна година и семестар во кој предемтот е слушан).
* * *
- Испитот се смета за положен ако се освоени мин. 51 поени по сите основи, со тоа што ако II колоквиум е под 41, поен, без оглед на тоа дали вкупната сума на поени го преминува овој праг, (повеќе од 51 поен) мора да се преполага втор колоквиум ( на списоци, ознаки со *).
- На Вашите прашања, во врска со ситуациите, онаму каде нема редовност и семинарски а тој просек е исполнет, (има повеќе од 51 поен), одговорот е дека следува оценка, бидејќи посетата на вежбите и предавањата како и семинарските постојат како доброволна и изборна форма на проверка на знаење но не се задолжителни. и некаде каде има потреба го дополнуваат потребниот просек поени до потребната оцена.
- За предмет чие следење било во минат семестар, во случајов ВоП1 и ООП, после завршетокот на семестарот, студнетите немаат право дополнително да бараат да работат семинарски за подобрување на оцените во некои од следните испитни сесии. Меѓутоа, еднаш освоените поени од семинарски и редовност си важат цела година ( до презапишување).
- Списоците по основите редовност, семинарски, I колоквиум, се ажурираат заклучно со завршувањето на семестарот, и понатаму се надополнуваат или изменуваат само со резултатите од полагањата во испитните сесии.
* * *
Колегите-Студенти и од Битола и од Прилеп, ќе бидат дополнително информирани кога ќе се запишуваат оцените. Ќе следи соопштение, овде, на Yahoo групите, на сајтот од факултетот и соодветно на огласните табли на факулет во Битола и Прилеп.
Постот има за цел глобално и генерално да Ве информира.
Доколку после проследување на сите информации, имате дополнително прашање со некои Ваши специфики надвор од овие, обратете се на маил.