6.8.12

Септемвриска испитна сесија- термини, правила и впишување на оцени од поранешни сесии

Драги Студенти,

Одморот завршува.
Ви посакувам успешно (до)положување на испитите во септемвриската испитна сесија и Ве потсетувам за правилата кои веќе Ви се познати, и дополнително Ве информирам за ставки од интерес за Вас.

Ве  молам, дочитајте до крај !

-  20.08.2012, (понед.), во 13,00 часот, 9 и А- Испит по предметот Вовед во Програмирање 1 од зимски семестар и  Програмирање за инженери и програмски јазици од зимски семестар ( за насоките на факултет кои слушаат во непарен семестар)
- 05.09.2012, (среда), во 13,00 часот,  9 и А- Испит по предметот Вовед во Програмирање 2 од зимски семестар и  Програмирање за инженери и програмски јазици од летен семестар ( за насоките на факултет кои слушаат во парен семестар)

Ваши обврски се:

- Да се донесе пријава, и уплатници/ доказ  за такса 50,00 ден како и уплатница од 300,00 ден со јасна дознака т.е. наведено име на испитот. Оваа обврска мора да се регулира пред почетокот на испитот, најдобро помеѓу 12,30-12,45, т.е. во моментот кога влегувате на испит треба да се поседува комплетната документација.

* * *

Прашања од чисто технички и организационен карактер 


- За ВоП1, ВоП2, и Програмирање за сите преостанати факултети во склоп на ТФБ:
Роковите се одредени од Деканат, така да нема преклопување со испити од истиот семестар (т.е. академска година). Со цел да не се поремети глобалниот календар на испити, нема  да можам да преместувам датуми, меѓутоа...
 Во случај да кај некој студент има преклопување, во смисол, да се поклопуваат испити пример од 1 и (3 или 5) семестар или 2 и 4, треба да сигнализирате предвреме, значи сега, и постои можност да полагате пример наместо на 20 на 5 ( или обратно).
Заради спречување на  несоодветна употреба на оваа (моја) добра волја, Ве молам, доколку сакате таква помош од моја страна, наведете го името на испитот со кој имате преклопување  и Вашето барање, по мојот маил ramona.markoska@gmail.com ( не на facebook), со цел сите одговори на Вашите барања да бидат документирани.
( Се разбира, доколку сакате промена  во кај мене, а не кај другиот колега).


- Предметите  ООП, WEBп, како и предметите од ИТО  се одржуваат на друг датум кај проф. Илија Јолевски ( проверете го тајмнигот).

* * *
Испитите во Прилеп и Велес, ќе бидат одржани во термини по договор со асистентите од соодветните градови.

* * *
Впишување на оценки ...

.. Од минатите сесии во индекс, може во деновите кога се испитите, т.е. 20.08. и 05.09., од 10,30 до 12,15.  За оваа сесија, ќе бидат објавени дополнителни термини, после објавувањето на резултати и одржаните увиди.
Во случај на спреченост или поради несоодеветно време или неодговарачки тајмниг, посебно за студентите кои не се од Битола, не мора посебно да доаѓате во наведените рокови, ќе имате дополнителни можности да ги добиете оцените и во другите  термини.


Имајте убав завршеток на преостанатиот дел од одморот !
Поздрав,




Template Design | R@Mona