Erasmus Mundus на ТФБ
Во вторник, 18.12.2012, од 10,00 часот, на Технички Факултет Битола, ќе бидат присутни 5- мина Европски претставници, со цел студентите од цел УКЛО , да ги информираат директно, за
ЕРАЗМУС МУНДУС Акција 2
Станува збор за програма финансирана од Европската комисија во која се отвораат извонредни можности за аплицирање за студентите од УКЛО и престој на некој од 19-те универзитети во земјите на ЕУ (Австрија, Белгија, Велика Британија, Франција, Германија, Шведска, Италија, Шпанија, Полска,Бугарија,Словенија, Холандија). Имаме чест, како најголема институција, и со најголем број на студенти, да бидиме домаќини на овој настан. Сите Вас, Ве замолувам за учество на овој, пред се, исклучително корисен настан за Вас.