30.10.19

Важни информации за практичните проектни активности


Почитувани студенти, 

Ве молам имајте ги во предвид следните општи правила за испраќање на проектните задачи, во текот на семестарот.

За првите почетни задачи имаше одредена толеранција за прилагодување. (се смисли на математичките изрази, а не на испраќањето име и презиме (тоа не се брои како задача)).

Почнувајќи од вторите задачи,  проектите кои нема да бидат наименувани со целосениндекс.проект02, пример, ИНКИ999.zadaca02 и кај кои нема да има коментар во задачата, со основни податоци, нема да бидат прегледувани.

Исто така, сите задачи треба да се снимаат на Вашиот акаунт во Мy projects. Треба да се чуваат бидејќи ќе биде побарано да бидат испечатени кон крајот на семестарот, и ќе бидат споредени со работните верзии сега.

Притоа, нема да се вреднуваат задачите:

- кај кои кодот испратен сега е различен од кодот во Мy Projects на личниот акаунтѕ
- кај кои генерираниот линк при испраќање на задачата сега,  е различен од генерираниот линк прикажан во Мy Projects.

За задачи кои се грешни до степен да не поминуваат низ компајлер и не даваат никакви резултати (што имплицира дека се превземени и испратени без да се компајлирани) ќе се даваат негативни поени, за половина од вредноста на поените за задачата.



За таа цел, ќе биде потребно  секој   да си прави screenshot на работните екрани со линковите, и истите да ги чува за печатење и споредба кога ќе биде побарано.


Template Design | R@Mona