20.9.10

Универзитетска 2010/2011 година

Ресурсов е преуреден заради поголема ефикасност и полесно пребарување. На оваа страница, ќе бидат постирани новости, измени и соопштенија, додека материјалите се преместени на други страници, и се распоредени хронолошки, онака како што ќе се работи со нив.


Во левиот ролбар, има линк до сајтот на Технички Факултет- Битола. Таму имате генерален преглед на сите релевантни материјали на ниво на цел факултет-распореди, измени, испитни сесии, испитни резултати и други соопштенија. Сооштенијата од глобална важност постирани таму, ќе ги има и овде. Соопштенија од интерна важност само за соработка во границите на овие предмети ќе ги имате тука, на сајтот.


Оnline- ресурси,  се состои линкови до групите каде имате предавања. Проледете ги,  најавете се на групите yahoo задолжително,  и симнувајте ги материјалите. На мејлинг листа таму ќе добивате соодветни известувања


Следат линкови за 3 дополнителни блогови, кои се тематски организирани по предметите Вовед во програмирање 1 и 2, и Објектно ориентирано програмирање. Пристап до google групите oд кои се копира кодот за работа во реално време на вежби, имате преместено кај овие нови блогови.


Почнувајќи од оваа година, на Огласната табла долу, ќе се постираат само најновите резултати од испити и колоквиуми, додека сите постари резултати ќе бидат дадени на посебна блог страна до која ќе имате линк директно од огласната табла.

Централниот дел содржи два дела, Ново и Известувања, во кои има кратки информации кои треба понатаму да ги проследите, измени, рокови, известувања и напратствија .




Иако сите материјали се распределени на соодветното web место, извесно кратко време ќе останат и на оваа страница..Во иднина, оваа страна ќе ја користите како појдовна порта на која ќе се информирате за сите нови работи и измени кои се во корелацја со наставата, додека материјалите за учење и вежби ќе ги користите хронолошки подредени на секој од линковите.
ади последно снајдување на студентите кои се навикнати да ги наоѓаат на оваа страница.

Template Design | R@Mona