Инструкции за изработка на семинарските задачи по Вовед во Програмирање 1 & Објкетно ориентирано програмирање
Потсетување и овде за упатството за изработка на семинарски со една исправка- семинарските ги предавате во термините за часови на 13.,14.,15.12.2010 за групите во Битола, и 17.12.2010 за групите во Прилеп. ( Тоа се последните часови пред 2колоквиум). Семинарски после овој термин нема да се примаат, и ќе се смета дека, согласно необврзувачкиот карактер, студентот кој не донесол семинарска, се откажал од нејзуиното правење ( Ваше право кое не подлежи на санкции).
Оваа година нема текстуални семинарски, така да наводите за нив не важат.
Семинарските задачи според договорот и толеранција од една недела, доделени се заклучно со пријавените до вчера за Битола, и Прилеп.
Семинарските треба да ги донесете во 2 примероци, од кои еден останува за Вас додека не го положите испитот. Поените се најавуваат при предавањето, а се впишуваат после доставувањето на фајлот од семинарската во Word, со напомена дека кодот треба да е пејстуван од Дев. С++, како текст а не како слика, за да може по потреба да се компајлира и провери.
(Не треба да праќаат фајлови оние студенти кои не предале семинарска.)