3.5.12

Самоевалуација- анкета за студенти

Во понеделник, на 07.05.2012, во склоп на завршните предавања и прегледот на најважни задачи за колоквиум и испити, ќе се одржи самоевалуација.


Станува збор за нова пракса, поточно обновена, според која Вие студентите добивате прашалници на кои се изјаснувате за прашања поврзани со предметот.  Со оглед на тоа дека ваквата пракса е од Ваш интерес пред се', т.е. Ваша обврска но и право,  со цел поголем број од студентите, да може да пополнат анкета, решив наместо во термин на  одржување на вториот колоквиум, на кој доаѓаат само оние кои го положиле првиот, оваа активност да ја обавиме  во склоп на завршните предавања.
Слично како и за напомените за предавање на стручњак од стопанство, и овде, важи дека Ви се брои бонус присуство.
Студентите  од МО и ЕЕЕ кои слушаат Програмски јазици и Програмирање за инженери, исто така, се добредојдени само за да ја пополнат анкетата.
Студнетите од Прилеп, исто така, доколку се слободни, а сакаат да пополнат анкета, се добредојдени.

 * * *
Потсетување дека вториот колоквиум во договор и координација со Вас, во Битола, онака како е најавено, се одржува на 14.05.2012,  понеделник, со почеток во 10,00 во анфитеатар. За Прилеп и Велес, во координација со асистентите, ќе бидат закажани дополноително термини деновиве.

Template Design | R@Mona