Контрола и увид во внес на редовност
Здраво Колеги од сите три градови,
Ви објавив на Вашите fb-ИКТ групи за начинот на вредување на Вашите регистрирани електронски присуства, како и достапноста на базата Вам на увид, цело време. Базата за Вас е дадена само во прегледен режим.
- На соодветното договорено место, достапна ќе Ви биде целата електронска база за евиденција од овој летен семестар.
- Освоените поени според дадената шема, ќе Ви важат во сите сесии, до почеток на нов летен семестар.
- Базата Ви е подредена, по број на индекс, така да лесно ќе се снајдете, во пресметка на Вашите поени
- Во случај на било какво одстапување или пропуст, треба само да се обратите по маил до демонстраторот од соодветниот град. ( Тие се известени да очекуваат Ваша помош)
- Вонредните студенти немаат законска за редовност, меѓутоа на сите колеги кои најдоа начин да доаѓаат слично како и за редовните, ќе им бидат доделени бонус поени.
- Инцидентно, доколку на било кој студент му недостига многу малку за да помине со повисока оцена или да положи, се прави одредена минимална корекција во негова корист ( во моментот кога се сумираат резултатите).
Поздрав и успешно полагање во јуни !