27.11.13

Често Поставувани Прашања



П1. Најважно: Каде се материјалите од ВоП2 и ВоП1  итн..  , оние кои не се допоминати, а не се достапни на засебните страници ?
О1. На оваа страница поназад во архивите ги има сите материјали издвоени и на засебните сајтови- во архивата со постари постови.

П2. Зошто не се повеќе достапни директно кодовите за download како .срр архиви или во друг облик ?
О2. Бидејќи кој намерава да ги компајлира, ги пишува и сам, гледајќи ги од фајливите, а на архивите кои се распакуваа директно инсистираа студенти кои паѓаа во искушение да ги користат само за печатење на ливчиња,  за прешишување, што е недозволиво.

П3. Зошто материјалот се изменува ?
О3. Заради карактерот на знаењето во компјутерските науки и измената на категоријата што е воведно и базично знаење на еден потенцијален информатичар, има потреба секоја година за одредени мали прегрупирања, а повремено на неколку години и покрупен ремонт.

П4. Зошто материјалот не е достапен додека не биде поминат годинава ?
О4. Заради тоа што сите сугестии и препораки за измени се игнорираат и забораваат и студентите учат само по линковите на страниците. ( Доказ за тоа е дека иако е во повеќе наврати кажано не се ни обидуваат да ги најдат на главната страна( оваа каде сега читате)).
Затоа, линковите ќе бидат постепено ажурирани во преместен, т.е. соодветен облик.



П5. И покрај сите напомени, заборавив. Дали може уште еднаш да кажите во кој предмет што се полага за потсетување ?
О6.
ВоП1. Цел материјал  ВоП1 како минатите години, плус, материјали префрлени од ВоП2 т.е.  Алгоритми за сортирање, Алгоритми за пребарување, влез-испис од С (форми за обраќање директно до меморија), Циклуси кои се повторуваа во ВоП2(сега се само во ВоП1 и тоа за 1 колоквиум беа), Енумерација. - се полага од февруари 2013.
ВоП2. Цел материјал ВоП2,  ( сем оној кој е префрлен во ВоП1), плус Темплејти, и Објекти и Класи ( во информативен облик, бидејќи тие се поентата на С++) , RobotC, Извршна околина Влез, Излез, Хедери со готови ф-ции, Виртуелни Светови, реален робот, Дисплеј, Стандардни Сензори, Мотори, Дебагер (превземен од дел RobotC ).
Темплејти, Објекти, Класи - не се полагаат до јуни 2014.

ИП.  С++,  до прв колоквиум, исто со ВоП1 до прв колоквиум, RobotC (ова е ново годинава, на засебен сајт)  како во ВоП2 (семинарска од овој дел), C# - overview, избрани материјали на сајт за овој предмет. - се полага од февруари 2013.
( во ноември нема RobotC)

П7. Дали овие измени се дефинитивни ?
О7. Краткорочно да. Глобално НЕ.
За генерациите кои сега се втора година средно , се подготвуваат нови магеријали бидејќи тие основите на С/С++ ги работат уште од почетокот на средно училиште, и согласно измените и трендовите, ќе дојдат програмерски и математички подговени со она што сега се полага како значаен дел од ВоП1, па категоријата Вовед во програмирање на факултет, ќе треба да биде вовед во факултетско ниво на програмирање, што значи, на продлабочено ниво.





Template Design | R@Mona