Во Новата година Ви посакувам да напредувате низ..
.. предизвици и проблеми , бидејќи сите дадени теориски совети се преценети во однос на искуството и знаењето стекнати при решавање на една реална неволја, како и ..
.. прилики да дејствувате, бидејќи сите усни пофалби и признанија се преценети споредени со ефектите на реалните дела, т.е. она што сте го вградиле во околината и ситуациите, а било лично Ваше,
И во сите тие практики..креативност и имагинација, бидејќи се што постои на светот прво некој го замислил, па дури потоа го реализирал.
Затоа што .. "Победникот е борец-сонувач кој никогаш не се предава" … c .. Нелсон Мандела
Искрено,
Р@Mона