25.8.14

Електронски досиеја, ICT миграција и side ефекти

Со оглед на тоа дека се ближат уписите во наредна година, а во контекст на севкупните подготовки за премин на ФИКТ, наместо поединечни парцијални одговори,  прочитајте:

Прашање1.  Недостига електронска оцена?
Одговор1: Во моментов системот за електронска евиднеција хардверски и софтверски, се пренесува и прилагодува.  Во догледно време после средувањето, ќе бидат мигрирани и Вашите досиеја и тогаш ќе бидат докомплетирани сите оцени. 
Прашање2. Немам оцена во индекс ?
Одговор2:  За запишување релевантни се пријавите во досиејата и списоците доставени во евиднеција кај студентските служби, Индексот не е званичен документ, иако е пожелно да ги имате оцените и таму, не е пречка за упис доколку ги немате.

Прашање3:. Немам доставено пријава или во досието ми е речено дека  недостига иако го имам положено испитот ?
Одговор3: Списоците по предметите за мене, познато Ви е дека во секоја нова сесија се ажурираат така да, на сисокот од последната сесија, фигурираат сите студенти кои полагале од почетокот на испитните сесии во годината во која се слушал предметот. Покрај можноста секој од Вас да го симне од интернет, во случај да има положено а не доставил пријава, или да му недостига,  во студентските служби, доставен е список на сите студенти кои  го положиле испотот, во било која сесија. За упис нема да имате значи, ни во тој случај пречка, меѓутоа, пријава до студентското досие мора да има, па донесете во прва наредна прилика. 

Уписите на година за постоечките студенти, ќе бидат после сесијата во септември, и дотогаш  со голема веројатност ќе заврши ИКТ миграцијата на електорнската статистика за Вашите досиеја,  и ќе бидат внесени оцените кои недостигаат во системот. Но независно од тоа, за Вас , т.е. Вашите потреби за упис нема никакви пропратни ефекти, бидејќи постои евиднеција (кај мене ја имате на делот кај резултати, а ја имаат и службите). 


Template Design | R@Mona