16.9.14

Успешна академска 2014/2015 година

Во неделата кога официјално започнува новата академска 2014-2015 година, ден после започнувањето на наставата на ТФБ и два дена пред свеченото стартување на новиот Факултет за Информатички и Комуникациски технологии, дозволете на сите студнети да Ви посакам уште едно успешно преместување нагоре по спиралата на животот и знаењето.

Сите кои се сеќаваат на времето кога биле млади и деца, како и оние кои работат во образование,  годините ги рачунаат фискално, oд септември, до наредниот септември, што ќе рече, само во почетоци и преместување нагоре, без краеви затоа што на секој циклус се надоврзува нов почеток, наместо крај, а секоја активност, ја сменува друга која ја вреднува и валоризира претходната...


..Од тој аспект, продолжувањето на нов факултет, е дефинитивно, нов почеток, кој се надоврзува на претходната работа, на начин, кој е валоризација на претходно сработеното...

..Тука свое место имате и сите Вие, студнети од разните отсеци, кои по одлука на матичните преостанати отсеци, програмирање ќе продолжите да работите со друг колега. Материјалите кои беа спремани за Вас, и кои се присутни во вид на линкови на овој сајт, во кои спаѓаат Инженерско програмирање, RobotC,  како и воведните програмирања за Отсеците Мехатроника, Сообраќај, Електротехнички. Менаџмент и сите нивни поднасоки, Ви остануваат достапни онлајн како база на знаење, да ги користите по сопствено наоѓање и потреба, како практичен доказ за мојата спремност доколку имаше потреба, да бидете дел од моите наставни активности. Тие делови нема да се ажурираат, меѓутоа ќе ги имате како достапни архиви. Ова е групен  и јавен одговор на прашањата од некои од Вас.

Тука свое место имате и Вие, сегашни, нови и постоечки студенти на Факултетот за ИКТ, и за Вас во подготовка е онлајн дел за самостојно тестирање како дел од овој мој сајт ресурс, и помош  и активен вовед во практична работа.

Ова е место, каде муабетот треба да го продолжиме со работа во живо..
Имајте убав почеток на академската 2014/2015та !

***  !!! ***
Ве замолувам за разбирање сите кои имате потреба да ме контактирате во живо, дека деновиве, поради активности поврзани со преместување на двете локации иако ме има секој ден во Битола, не сум во можност да прецизирам точен тајминг на поминување во зградата на ТФБ, во мојот кабинет. Од наредната недела ќе имате информации  за посетни сати и распоред, објавени на WEB. Сите адимнистративни работи за уписи се доставени до службите. Доколку баш Ви требам, прво контактирајте ме на маил за договор.




Template Design | R@Mona