24.9.14

Прв час по Вовед во програмирање 1, Факултет за Информатичко-Комуникациски Технологии














Ако денот се познава по утрото, тогаш интересот за студиите на ФИКТ нека го одреди Вашето денешно присуство на првиот час по Вовед во Програмирање 1. Го споделувам задовлството со колегите кои имаат можност да ги пречекаат студентите во прва година,  а  лично чувствувам  голема обврска, преку работа да го задржам Вашиот  интерес за посетување на наставата. 
Ви посакувам уште еднаш, да имате квалитетно потрошено време на нашиот факултет, и во меѓусебната комуникација  во наставата, да стекнете солидни знаења, умеења и вештини, кои ќе Ви користат понатаму во почетокот на работата, и навики на доживотно учење и истражување, неопходни за сите применети компјутерски науки, посебно во програмирање. 

Вистински Ваше е она што можете да им го понудите на другите. Затоа, искористете со ефективно процесот на " земање" во текот на студиите.

Template Design | R@Mona